Граѓаните на еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 4 насто, што е значајно повеќе од февруарската проекција на инфлација од 2,5 насто.

Ова е и најголема бројка за очекувана инфлација од март 2023, се наведува во денешниот извештај на Европскара централна банка за март.

Анкетираните очекуваат дека во тој период нивните приходи ќе пораснат за 1,2 насто, како и во претходните два месеци, што е очигледно недоволно за да се покрие прогнозираниот раст на темпото на инфлацијата.

Инфлаторните очекувања за наредните три години исто така се зголемија од февруарските 2,5 на 3 проценти.

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.