Официјални претставници на Европската централна банка очекуваат натамошно зголемување на каматните стапки, при што новото зголемување би можело да се очекува уште наредниот месец, додека инфлацијата која и натаму изнесува над 3 насто и натаму претставува причина за заострување на монетарната политика.

Одлуките на креаторите на монетарната политика и натаму ќе зависат од новите економски податоци, но построгата монетарна политика би можела да биде неопходна за да се обузда инфлацијата.

Очекувањата на пазарот се дека зголемувањето на каматите би било пологично да се очекува во декември, кога ќе бидат соопштени и новите економски проекции до 2029.

Слични новости

Ескалацијата на судирите на Блискиот исток ја држат цената на нафтата на над 106 долари за барел

Ескалацијата на судирите на Блискиот исток ја држат цената на нафтата на над 106 долари за барел

Цената на нафтата Брент за испораките во декември порасна за 0,61 насто на 106,33 долари за барел, додека американската нафта ВТИ за ноемвриските испораки поскапе за 0,63 насто на 94,73 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.