Европската комисија денеска покрена антимонополска истрага против Гугл поради сомнение дека компанијата ги користи содржините на издавачи и креатори од Јутјуб за потребите за развој на вештачката интелигенција, без за тоа да им плати на авторите и без тие да бидат во можност да го одбијат барањето.

Комисијата испитува дали со тоа Гугл ја наршува конкуренцијата, ја злоупотребува доминантната позиција на пазарот и ги ограничува ривалите во развојот на моделите на вештачка интелигенција.

Вториот дел од истрагата е фокусиран на Јутјуб, каде што креаторите, според сегашните правила на платформата, не можат да објават содржини без да се согласат Гугл да може да ги корисит за обука на своите генеративни модели на вештачка интелигенција.

 

Слични новости

Доларот зајакна, нафтата пoевтини

Доларот зајакна, нафтата пoевтини

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во раното претпладневно тргување во вторникот зајакна во однос на кошничката на валути се зголеми

Во претплазливо тргување Волстрит ја започна седмицата со пад

Во претплазливо тргување Волстрит ја започна седмицата со пад

Берзанските индекси паднаа на Волстрит во понеделникот, бидејќи инвеститорите беа претпазливи по силниот раст на цените на акциите последните седмици, пред состанокот на челниците на американската централна банка