Европската комисија (ЕК) става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора“, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

 

„Ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, тоа претставува признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата“, додаде Муцунски.

 Согласно официјалната информација објавена од ЕК, средствата се одобрени во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформски чекори. За нашата држава, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата.

 

Слични новости

Протест за правосуден испит на албански јазик

Протест за правосуден испит на албански јазик

Студентите Албанци денеска повторно ќе протестираат со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Протестот следува еден месец по првиот собир организиран пред Министерството за правда и Владата.

Папаставру: Природниот гас од Грција ќе оди во Северна Македонија и Србија

Папаставру: Природниот гас од Грција ќе оди во Северна Македонија и Србија

Министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека се проширува вертикалниот коридор на гасоводот со Македонија и Србија, што и дава на Грција геополитичка стабилност.