44 европски индустриски здруженија ги повикаа членките на Европската унија итно да преземат мерки против, како што наведоа, нечесните кинески трговски практики кои го загрозуваат производството во Европа и го зголемуваат ризикот од загуба на работни места.

Повикот го упатија различни европски индустриски здруќенија пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел следната недела, на кој една од темите ќе биде како да се реши растеќкиот трговски дефицит на ЕУ со Кина, пренесува Ројтерс.

Според наводите на индустриските здруженија трговскиот дефицит на ЕУ со Кина во моментов надминува милијарда евра дневно.

Побарано е и воведување нови инструменти за соочувања со пометувањето на пазарите кои што ги предизвикуваат државните интервенции.

 

Слични новости

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.