Европската авиоиндустрија бара од Европската комисија да овозможи целосно или делумно суспендирање на новиот Систем за влез/излез до крајот на летото. ЕЕС, кој официјално стартуваше на 10 април во 29 шенген земји, се однесува на патници вон ЕУ кои престојуваат до 90 дена во рамки на 180 дена.

Системот ги заменува рачните печати во пасошите со дигитална евиденција за влез и излез, и собира биометриски податоци како отпечатоци од прсти и фотографии на лице.

Сликата на  аеродромите редици до три часа, доцнења и пропуштени летови ги потврди предупредувањата на Airlines for Europe  кои побараа од Европската комисија и земјите-членки на ЕУ „веднаш да воведат дополнителна флексибилност“ во работењето на новиот систем.

 Единственото изводливо решение е Европската комисија да дозволи целосно или делумно суспендирање на EEС до крајот на летото.

 

Слични новости

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.