Организацијата за економска соработка и развој проценува дека границата за пензионирање дополнително ќе расте со зголемувањето на очекуваниот животен век, додека голем број земји веќе спроведуваат постепено покачување на прагот.
Според најновото издание на извештајот „Пензиите на прв поглед“ на ОЕЦД, просечната законска возраст за пензионирање за лицата што се пензионирале во 2024 година изнесувала околу 64,7 години за мажи и 63,9 години за жени.
Меѓутоа, за оние кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот, проекциите предвидуваат значително подолг работен век – во просек 66,4 години за мажи и 65,9 години за жени.
Данска оди најдалеку: Проекција за пензионирање на 74 години
Слични новости
Европските индекси во плус, нафтата Брент падна на 101 долар за барел
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.
Порастот на цената на енергентите на светските пазари ќе се рефлектира врз цената на парното во Македонија
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.
Еврото падна на најниско ниво во последните 17 месеци
Еврото падна на најниско ниво од мај 2025 година, притиснато од зголемената загриженост на инвеститорите за политичките и фискалните ризици во Европа.Заедничката европска валута ослабе за дури 0,8 отсто, во азиското тргување.


