Европа во текот на 2025 забележа една од најтоплите години во историјата, а научниците предупредуваат дека 2026 би можела да биде уште потопла поради очекувано посилниот Ел Нињо, покажува програмата на ЕУ КОперникус.

Според податоците, речиси целиот европски континент минатата година имаше температури над просекот, со екстремни топлотни бранови, шумски пожари, суши и забрзано топење на глечерите, пренесува бриселскиот портал Политико.

Европа е веќе потопла за 2,5 степени целзиусови во однос на предисторискиот период, што е многу побрзо од глобалниот просек. ЕУ побара итни трансформативни промени за континентот да се подготви за се поизразените климатски екстреми.

 

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.