Европа планира да учествува во преговорите за решавање на украинскиот конфликт во формат „Европска одбранбена група пет плус ЕУ“ изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа рече дека ќе се труди да обезбедат максимална поддршка за Украина и дека ќе вршат силен притисок врз Русија.

Претходно претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека на идната рунда преговори за Украина Европа ќе ја претставуваат дипломати од пет земји: Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Полска, плус претставници на ЕУ.

Официјална Москва порача дека вклучувањето на ЕУ во преговорите би можело да го искомпликува процесот на окончување на војната во Украина и нагласи дека Русија сеуште не видела конструктивни предлози од Лондон или Брисел, освен ултиматуми кои не водат кон решение.

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.