Европските лидери порачаа дека се подготвени за преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, нагласувајќи дека Европа мора да има активно место во мировниот процес.
На самитот на т.н. „Коалиција на подготвените“ во Берлин, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Енди Барнам истакнаа дека европските земји имаат единствен став и дека максималистичките барања на Москва се нереални.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не е против учеството на европските земји во преговорите, но побара најпрво да се разјасни што би придонеле тие во процесот.
Слични новости
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
