Клучот на секоја европска стратегија би требало да почива на сознанието дека парадоскално, 20 јануари не беше само почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп, туку и врвот на неговото глобално влијание. Потоа, неговиот пат ќе оди само надолу.
Раните потези на Доналд Трамп сигнализираат дека новоизбраниот претседател одлучил да ја демонстрира својата моќ не така што ќе се спротивстави на своите непријатели, туку со покорување на сојузниците на Вашингтон.
Барањата на Доналд Трамп за Гренланд и Канада и твитовите на Илон Маск кој повикува на смена на власта во Велика Британија, се најјасен показател на оваа политика. Трамп, очигледно се надева дека со грубите закани врз своите сојузници ќе ги принуди останатите да му се покорат.
Државите членки на ЕУ имаат добри причини за загриженост дека пристапот на Вашингтон би можел да ја следи идејата од неодамнешната изјава на поранешниот руски претседател Дмитри Медведев дека „е неопходно да им се пружи помош на сите детсруктивни процеси во Европа“.
Глобалното испитување што го спроведе Европскиот совет за надворешни работи сугерира дека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа поголемиот свет го дочекува како добредојдено.
Само Европејците и Јужнокорејците го гледаат како нахален силеџија. Другите веруваат дека е добар и за Америка и за нивната земја и за светскиот мир.
Можеби е таа поддршка спонтана наклонетост кон победникот. Но, тоа може да доживее брз пресврт ако заживеат царините со кои се заканува, или ако продолжат конфликтите во Украина или на Блискиот исток.
Тука се случува нешто уште поинтересно. Трамповото отворено непочитување на меѓународните правила, могумина во незападниот свет го сметаат за подобро од неподносливото лицемерие на претходната либерална администрација. Под Трамп, САД конечно ќе станат нормална голема сила -империјална, а не крстоносна. Нема веќе да се претвара дека е подобра, туку ќе се однесува врз претпоставката дека е посилна од другите земји.
Меѓутоа, истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи открива и некои трендови кои укажуваат на можности за Европа. Можеби незападниот свет го дочека Трамп со добредојде, но многумина таму ја гледаат Кина како водечки светски хегемон, а не САД.
Клучната точка на стратегијата на Трамп во 2016 беше раздвојување на Русија и Кина. Тоа веќе не е реално. Руското и кинеското општество, како и нивните лидери, се сметаат за сојузници. Истовремено, само секој петти Европеец гледа на САД како на сојузник. Додека Америка е подготвена да ги отфрли своите сојузници, Москва и Пекинг повторни ги откриваат предностите на своето партнерство.
Иако се чини дека Трамп ја има отпишано Европа, многу надвор од Западот ја сметаат за исклучително силна. За Европа во ова неријателско опкружување е најважно да не се однесува како жртва.
Европските држави не треба да брзаат ниту да му се додворат, ниту да му се спротивстават на новиот амењрикански претседател. Би требало своето време да го посветат на тоа што да прават со американските мега технолошки компании или како да одговорат на заканите со царини.
Би требало активно да влезат во разговори со Турција и други незападни сили за безбедносните гаранции за Украина. Соочена со притисокот од Трамп, Европа би требала да се посвети на себе си, а не да му се спротивставува на Трамп. Него најмногу ќе го збунат европски лидери фокусирани на сопствените општества и држави, наместо на новата американска администрација.
Клучот на секоја европска стратегија би требало да почива на сознанието дека парадоскално, 20 јануари не беше само почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп, туку и врвот на неговото глобално влијание. Потоа, неговиот пат ќе оди само надолу.
Иван Крастев
Фајненшал тајмс
Слични новости
Делови на Лос Анџелес претворени во пепел, расте бројот на жртвите од пожарите
Пожарникарите веќе петти ден се обидуваат да ги стават под контрола разурнувачките пожари во Лос Анџелес кои досега однесоа најмалку 11 жртви, а околу 180 000 луѓе се евакуирани. Огинот уништи цели станбени населби на Лос Анџелес, меѓу кои и домовите на некои од холивудските филмски ѕвезди.
Во недела се гласа на вториот круг од претседателските избори во Хрватска
На актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ му недостигаше многу малку за да стигне до над 50 насто од освоените гласови и да победиво првиот круг. Милановиќ доби 49,09 насто од гласовите. За кандидатот на ХДЗ гласаа 19,36 насто од изборачите, а разликата од 30 проценти меѓу двајцата кандидати кои влегуваат во вториот круг е најголема во историјата на Хрватска.
Рекордно жешката 2024., првата што го надмина прагот на затоплување од 1,5 степени Целзиусови
Минатата година беше најтоплата досега забележана и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците