Азија досега беше најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна во мај, предупреди директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.
Иранските напади врз енергетските капацитети и ограничувањата за пловидба низ Ормускиот теснец ги намалија испораките на нафта од регионот за повеќе од 12 милиони барели дневно, рече Бирол.
Април ќе биде многу полош од март – предупреди Бирол, истакнувајќи дека во март нафтата и течниот гас сè уште пристигнуваа на пазарот.
Членовите на ИЕА одлучија кон средината на март да пласираат на пазарот рекордни 400 милиони барели нафта од залихите, најмногу во историјата, потсети директорот на агенцијата, кој рече дека тоа само ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот.
Слични новости
Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра
Девизните резерви на Македонија на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за...
Урсула фон дер Лајен повика на обединет европски пазар на капитал
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста
Бритиш Петролеум го запре откупот на акциите поради лоши резултати
Британскиот нафтен гигант Бритиш Петролеум денеска соопшти дека го прекинува кварталниот откуп на акциите, откако приходите на компанијата за 2025 паднаа под очекувањата.


