Азија досега беше најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна во мај, предупреди директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.
Иранските напади врз енергетските капацитети и ограничувањата за пловидба низ Ормускиот теснец ги намалија испораките на нафта од регионот за повеќе од 12 милиони барели дневно, рече Бирол.
Април ќе биде многу полош од март – предупреди Бирол, истакнувајќи дека во март нафтата и течниот гас сè уште пристигнуваа на пазарот.
Членовите на ИЕА одлучија кон средината на март да пласираат на пазарот рекордни 400 милиони барели нафта од залихите, најмногу во историјата, потсети директорот на агенцијата, кој рече дека тоа само ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот.
Слични новости
Иран се закани дека ниту еден литар нафта нема да биде извезен од Блискиот исток
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат.
Пад на цените на нафтата
Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.
Голем пад на цените на акциите на светските берзи
Индексот Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, денеска се во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.


