Азија досега беше најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна во мај, предупреди директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.

Иранските напади врз енергетските капацитети и ограничувањата за пловидба низ Ормускиот теснец ги намалија испораките на нафта од регионот за повеќе од 12 милиони барели дневно, рече Бирол.

Април ќе биде многу полош од март – предупреди Бирол, истакнувајќи дека во март нафтата и течниот гас сè уште пристигнуваа на пазарот.

Членовите на ИЕА одлучија кон средината на март да пласираат на пазарот рекордни 400 милиони барели нафта од залихите, најмногу во историјата, потсети директорот на агенцијата, кој рече дека тоа само ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот.

 

Слични новости

Приватниот сектор во еврозоната забави во март, пазарите веќе го вклакулираа порастот на каматите

Приватниот сектор во еврозоната забави во март, пазарите веќе го вклакулираа порастот на каматите

Бизнис активноста во приватниот сектор на еврозоната во март е најбавна во изминатите десет месеци, бидејќи војната на Блискиот исток ги зголемува инфлаторните притисоци и го загрозува економското заздравување во Европа.