Работната верзија од Извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е, важна, значајна, бидејќи, првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање. Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историска неправда и дека ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик, но европарламентарци имаат поинакви мислења.
„ За жал, од страна на некои негови колеги, пратеници коишто доаѓаат од, за жал, нашата сестринска партија ГЕРБ, предлагаат пред македонскиот идентитет да стои зборчето „сегашен“. За нас тоа не е изненадување, бидејќи ние од самиот почеток на оваа авантура на прифаќање на претходната влада, Бујар Осман и Димитар Ковачевски, ние зборувавме за ова, дека зад сето тоа се крие токму ова, создавање на една вештачка нација, сегашна македонска нација“, рече Мицкоски.

„Јас сега чекам Европа да даде одговор. Европа сега има шанса, сега нема едногласност, Европа има шанса да исправи историска неправда нанесена со прифаќањето на Бујар Османи и Димитар Ковачевски на тоа што им беше ставено на маса“, рече премиерот.
Според него вистината е таа дека официјална Софија никогаш не се препакувала и останала да биде слеп заложник на политиките на „Живковизмот“, создавање на нова македонска нација која што почива на основите на бугарската нација.
Слични новости
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.
Нов министер за здравство ќе се бира во понеделник, на дневен ред и предлогот за заменик во земјоделие
Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, в понеделник ќе се најдат пред пратениците.
Вајц го одложил гласањето по извештајот за да можат да се ажурираат лоби регистрите
На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.