Во Европската унија минатата година е произведено повеќе електрична енергија од сонцето, отколку од јагленот, што аналитичарите го нарекуваат пресврт во транзицијата за користење на чиста енергија. Соларните панели произведоа 11 насто од струјата во ЕУ во 2024, додека електраните на јаглен генерираа 10 насто од струјата, покажуваат податоците на истражувачкиот центар за клима Ембер.
Од гас се произведени 16 проценти од струјата, што претставува пад, веќе петта година по ред. Европската индустријализација ја покрена јагленот, но ова гориво направи најголемо загадување на планетата.
![глобе-струја](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/01/глобе-струја.jpg)
Согорувањето на јаглен во енергетскиот сектор во ЕУ својот врв го достигна во 2003, но оттогаш опадна за 68 насто.
Чистите извори за производство на електрична енергија нагло растат. Енергијата од ветерот и сонцето порасна на 29 насто во производството на електрична енергија во 2024, а хидроенергијата и нуклеарната енергија продолжија да се опоравуваат од најниската вредност во 2022.
Порастот на соларната енергија, најбрзо растечкиот извор на енергија минатата година е забележан поради рекордниот број на нови панели, иако во ЕУ во 2024 имаше помалку сончеви денови отколку минатата година.
Слични новости
Пад на Волстрит во нестабилното тргување
Се чини дека претстои нестабилно тргување за глобалните берзи, бидејќи наметнувањето царини може да предизвика трговска војна
Цената на кафето арабика достигна сториски максимум на берзите
Цената на кафето од сортата арабика продолжува да расте осми ден со ред достигнувајќи го денеска својот историски максимум
Цената на нафтата се одржува под 76 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот на меѓународните пазари под 76 долари, откако САД и Мексико најавија разговори непосредно пред планираното воведување царини, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето