Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда во среда вечерта во рамките на 31. Коло на Евролигата го совладаа Виртус Болоња со 88:52 (28:11, 23:16,18:10, 19:15) и така направија голем исчекор кон пласман во плејофот.
Од самиот почеток на дуелот во Белград, домашните кошаркари покажаа решителност и сѐ им поаѓаше од рака, па стана јасно дека натпреварот е движи во само една насока. Виртус падна веќе во првата четвртина и оттогаш не успеа ниту еднаш да се врати на нивото на најелитното континентално натпреварување.

Ѕвезда беше жестоко агресивна под двата обрача, нејзините кошаркари влегоа во висок ритам, кој гостинските не можеа да го следат. Домашните во еден момент имаше и 28 коша предност во првото полувреме, но по 20 минути игра резултатот гласеше 51:27.
Ѕвезда ја зголемуваше предноста и во третата четвртина и дојде до плус 33, а потоа и на максималните 38 коша предност. Грогираниот Виртус дури во последната минута од мечот успеа да надмине 50 поени, за конечните 88:52.
Сепак, ова беше најубедливата победа на Црвена ѕвезда во Евролигата, бидејќи претходната беше против Панатинаикос кога резулатот беше 81:48.
Најдобар играч во редовите на Црвена ѕвезда беше Дејан Давидовац со 17 поени, додека Филип Петрушев имаше 16 со шест асистенции и четири скока. Кај Виртус се истакна Торнике Шенгелија со 13 поени, а имаше и три скока и три асистенции.
Ѕвезда сега има скор 18-13, што ги одржува во плејоф зоната, додека Виртус е претпоследен со 7-23. Црвена ѕвезда во следното коло (петок, 20 часот) му гостува на Реал Мадрид, додека Виртус за противник ќе ја има Алба.
Кошаркарите на Ефес вечерва ја совладаа Басконија со резултат 92:76. Турскиот тим со петтата последователна победа направи уште еден голем чекор кон плејофот и сега е на скор 17-14.
Бранителот на титулата Панатинаикос го совлада Макаби со 99:92 во белградската сала „Александар Николиќ“ и го држи третото место со резултат 20-11. Последната четвртина Грците ја добија со 32:14 и го надоместија големото водство на Израелците. Најефикасен беше Кендрик Нан со 26 поени.

Слични новости
Мото ГП: Марк Маркез ја продолжи победничката серија
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (Дукати) ја продолжи својата победничка серија во овогодинешниот Светски шампионат во Мото ГП победувајќи на спринтерската трка на Американското ГП што се одржа на патеката Остин
Минимални домашни победи на Рома и Јувентус
Фудбалерите на Рома го прескокнаа градскиот ривал Лацио на табелата на италијанскиот шампионат со минимални 1:0 (0-0) на гостински терен против Лече
Реал се намачи со Леганес, Атлетико го губи чекорот со водечките
Фудбалерите на Реал Мадрид по голема борба и пресврт го совладаа Леганес со 3:2 пред своите гледачи во последниот саботен натпревар од 29. коло од шпанската Ла Лига