Белградска Црвена ѕвезда од Белград оваа сезона победи на 13 натпревари во Евролигата, па се уште е во добра позиција за пласман во плеј-офот.
„Црвено-белите“ по 22 кола имаат 13-9, а вечерва во белградска Арена беа подобри од Монако – славеа по продолжение (88:82).
Тимовите го менуваа водството во второто полувреме, Кнезовите“ имаа шест поени предност во првата половина од четвртата четвртина, а последниот напад го имаа во регулација.
На 76:76, Василис Спанулис повика на тајмаут, Монако имаше 23 секунди за победа, но Мајк Џејмс промаши од тешка позиција.
Во дополнителните пет минути немаше дилема, Црвена звезда предводена од Ајзеа Кенан забележа многу важна победа. Кенан постигна 20 поени, поефикасен беше само Филип Петрушев со 29, додека Џоел Боломбој додаде 15
Панатинаикос загуби од Басконија во Виторија (77:91) за втор пораз за само три дена, додека Фенербахче беше подобар од Жалгирис со 98:86. Литванскиот гигант имаше 13 плус на полувремето, но играта на тимот на Андреа Тринкери целосно се распадна во вторите 20 минути.
Виртус го победи Баерн Минхен на гостински терен со 82:72 и славеше по седми пат сезонава, петти откако црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ ја презема клупата, додека Барселона на домашен терен беше подобра од Анадолу Ефес со 90:80.
Слични новости
Данска ја демонтираше Португалија и ќе игра против Хрватска за златото на ракометниот мундијал
Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство
На „Олд Трафорд“ доаѓа португалската тинејџерска ѕвезда Квенда
Младата португалска фудбалска ѕвезда, 17-годишниот Жеовани Квенда, треба да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, јавуваат британските и португалските медиуми
Салах сѐ поблиску до трансфер во Саудиска Арабија
Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул