Кошаркарите на Хапоел Тел Авив ја задржа својата предност на табелата во Евролигата откако го победија Баерн Минхен со 84:72 во натпреварот од 18-то коло на гости.  Хапоел го отвори натпреварот со серија од 7:0 и не го испушти водството до крајот на натпреварот. Во некои моменти од натпреварот, Израелците имаа водство од 25 поени, а на крајот заврши со +10. лија Брајант ги предводеше гостите со 18 поени, додека Ден Отуру додаде 16 поени. Андреас Обст постигна 18 поени за Баерн.

Во едно од дербито од 18-тото коло, Фенербахче ја победи Барселона со 72:71. Барса поведе со 71:69 на 23 секунди до крајот на натпреварот благодарение на слободните фрлања на Јан Весели. Фенер тргна во напад, а судиите му досудија прекршок на Вејд Болдвин и три слободни фрлања по видео прегледот. Болдвин беше смирен и ги погоди сите три слободни фрлања десет секунди пред крајот. Гостите го имаа последниот напад, Кевин Пантер го испрати последниот шут, но Болдвин го блокираше. Тарик Биберовиќ и Тален Хортон Такер го предводеа Фенер до победа со по 16 поени, додека Болдвин постигна 15 поени. Кај Барселона, најефикасни беа Кевин Пантер со 20 и Дарио Бризуела со 19 поени.

Патанаикос го победи Жалгирис со 92:85 на гостински терен. Домашниот тим водеше со 10 поени разлика на полувремето, но Грците го свртија резултатот во второто полувреме. Чеди Осман постигна 22, а Кендрик Нан 21 поен во победничкиот тим, додека Мозес Рајт со 22 и Најџел Вилијамс-Гос со 17 поени беа најефикасни за Жалгирис.

Во шпанската пресметка, Валенсија беше подобра од Басконија со 91:81. Метју Костело го предводеше победничкиот тим со 18 поени, додека на спротивната страна, Јуџин Оморуји постигна 17 поени.

Дубаи го победи EA7 Емпорио Армани Милан со 99:92. Двејн Бејкон ги предводеше домаќините до победата со 25 поени и осум скока, а Мекинли Рајт со 19 поени и девет асистенции. На спротивната страна, најефикасни беа Џош Небо со 15 и Шевон Шилдс со 14 поени.

Хапоел води на табелата со 13 победи и пет порази, додека Валенсија, Панатинаикос и Барселона имаат скор од 12-6.

globe

Слични новости

Александер Исак скршил нога

Александер Исак скршил нога

Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, ја скрши ногата во дербито против Тотенхем во саботата и веќе е опериран, објавија „Црвените“

Нејмар успешно опериран

Нејмар успешно опериран

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар беше подложен на успешна операција на левото колено, објави неговиот клуб Сантос во понеделникот