Кошаркарите на Хапоел Тел Авив ја задржа својата предност на табелата во Евролигата откако го победија Баерн Минхен со 84:72 во натпреварот од 18-то коло на гости. Хапоел го отвори натпреварот со серија од 7:0 и не го испушти водството до крајот на натпреварот. Во некои моменти од натпреварот, Израелците имаа водство од 25 поени, а на крајот заврши со +10. лија Брајант ги предводеше гостите со 18 поени, додека Ден Отуру додаде 16 поени. Андреас Обст постигна 18 поени за Баерн.
Во едно од дербито од 18-тото коло, Фенербахче ја победи Барселона со 72:71. Барса поведе со 71:69 на 23 секунди до крајот на натпреварот благодарение на слободните фрлања на Јан Весели. Фенер тргна во напад, а судиите му досудија прекршок на Вејд Болдвин и три слободни фрлања по видео прегледот. Болдвин беше смирен и ги погоди сите три слободни фрлања десет секунди пред крајот. Гостите го имаа последниот напад, Кевин Пантер го испрати последниот шут, но Болдвин го блокираше. Тарик Биберовиќ и Тален Хортон Такер го предводеа Фенер до победа со по 16 поени, додека Болдвин постигна 15 поени. Кај Барселона, најефикасни беа Кевин Пантер со 20 и Дарио Бризуела со 19 поени.
Патанаикос го победи Жалгирис со 92:85 на гостински терен. Домашниот тим водеше со 10 поени разлика на полувремето, но Грците го свртија резултатот во второто полувреме. Чеди Осман постигна 22, а Кендрик Нан 21 поен во победничкиот тим, додека Мозес Рајт со 22 и Најџел Вилијамс-Гос со 17 поени беа најефикасни за Жалгирис.
Во шпанската пресметка, Валенсија беше подобра од Басконија со 91:81. Метју Костело го предводеше победничкиот тим со 18 поени, додека на спротивната страна, Јуџин Оморуји постигна 17 поени.
Дубаи го победи EA7 Емпорио Армани Милан со 99:92. Двејн Бејкон ги предводеше домаќините до победата со 25 поени и осум скока, а Мекинли Рајт со 19 поени и девет асистенции. На спротивната страна, најефикасни беа Џош Небо со 15 и Шевон Шилдс со 14 поени.
Хапоел води на табелата со 13 победи и пет порази, додека Валенсија, Панатинаикос и Барселона имаат скор од 12-6.
Слични новости
Пејн ја напушти НБА, официјално во Партизан
Камерон Пејн, 31-годишен американски кошаркар, ја напушти НБА и ќе го носи дресот на Партизан до крајот на тековната сезона
Пеликанс ја забележаа петтата победа по ред, рекорд на Денвер за „тројки“
Њу Орлеанс Пеликанс ја остварија својата петта победа по ред, победувајќи ги Далас Маверикс со 119:113 на домашен терен синоќа
Александер Исак скршил нога
Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, ја скрши ногата во дербито против Тотенхем во саботата и веќе е опериран, објавија „Црвените“


