Во големото шпанско дерби во рамките на 27. коло од Евролигата, кошаркарите на Реал Мадрид на домашен терен беа подобри од Барселона со 96:91.
Гостите водеа во текот на целото прво полувреме и на пауза влегоа со благо водство од 43:40. Веднаш на стартот од третата четвртина Реал го сврте резултатот во своја полза и водеше до крајот. Барселона се закани во последните моменти на 70 секунди до крајот израмнувајќи на 86:86, но не можеше да стои повеќе.
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња беше водечки стрелец на Реал и еден од најдобрите во редовите на домашната екипа. За 25 минути на паркетот постигна 19 поени со осум скока. За Реал Факундо Кампацо додаде 18 поени, а Џанан Муса 16 со пет скока. Најдобар играч на Барселона беше Џоел Пара со 20 поени и седум скока.

Кошаркарите на Црвена ѕвезда доживеаја болен пораз на својот паркет од Жалгирис во 27. коло од Евролигата со резултат 86:80. Гостите подобро го отворија овој натпревар, но црвено-белите брзо се вратија и заостанаа само еден поен по првата четвртина. Второто полувреме беше целосно изедначено, а гостите на полувреме заминаа со минимална предност.
Третиот период од играта му припадна на Франциско, односно Жалгирис. „Црвено-белите“ немаа одговор на одличната игра на гостинскиот бек и заостанаа седум поени. Во последната делница, гостите само ја одржуваа предност. Во еден момент имаа и 11 поени предност, но избраниците на Јанис Сферопулос ја намалија таа разлика во последните неколку минути.
Најдобар поединец на натпреварот беше Франциско со 25 поени, а го следеше поранешниот ас на Партизан Ален Смаилагиќ со 15. Кај Црвена ѕвезда најефикасни беа Петрушев со 16 и Немања Недовиќ со 14 поени.
Париз како домаќин го совлада Баерн со 93:88, Армани беше подобар од Монако со 86:80, а Макаби беше сигурен против Фенербахче со 87:76
На табелата води Олимпијакос со сооднос 19-7, а зад него е Фенербахче со 17-9. Панатинаикос и Париз имаат по 16 победи и десет порази, а Монако, Црвена ѕвезда и Баерн имаат скор од 16-11. По резултатите во шпанското дерби, Реал и Барселона имаат идентичен скор 14-13.
Слични новости
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.
Кадилак и официјално во Формула 1 од 2026.
Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година