Кошаркарите на израелскиот Хапоел Тел Авив продолжија со победите во Евролигата, како домаќини во Софија во натпреварот од седмото коло го победија белградски Партизан со 97:84.
Ова веќе беше шеста победа на Хапоел оваа сезона, и е сам на врвот на табелата. Колин Малколм постигна 17 поени за Хапоел, додавајќи четири скока и четири асистенции. Имаше многу добра поддршка во Дан Отур, кој постигна 14 поени и имаше шест скока. Најдобар играч на Партизан беше Стерлинг Браун со 19 поени, четири скока, три асистенции и три украдени топки.
Во Пиреја, Монако беше подобар од Олимпијакос со 92:87. Алфа Дијало постигна 27 поени за гостите, додавајќи три скока и асистенции. Мајк Џејмс беше стандардно добар во дресот на Монако, завршувајќи го дуелот со 23 поени, дури 10 асистенции и три скока. Прво име за Олимпијакос беше Тајлер Дорси кој постигна 23 поени со пет асистенции и три скока.
Хапоел води на табелата со сооднос победи и порази 6-1. Жалгирис, Црвена ѕвезда и Панатинаикос имаат 5-2, а Париз, Валенсија, Олимпијакос, Монако, Барселона и Виртус Болоња имаат 4-3.
Слични новости
Шпанија најголем фаворит кај обложувалниците за титулата на мундијалот
Откако беше извршена жрепката за групите на Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за светската круна
Преглед НБА: Оклахома продолжува со победите
Оклахома Сити Тандер ја забележаа својата 14-та последователна победа победувајќи ги Далас Маверикс со 132:111 дома
Извлечени групите за Светското првенство 2026
Жрепката за Светското фудбалско првенство во 2026 година во Вашингтон беше спектакл во холивудски стил, експлозија од гламур, црвени теписи и мноштво светски ѕвезди, а Македонија доколку го мине плејофот против Данска а потоа биде подобра и во соочувањето со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска ќе се најде во групата А


