Кошаркарите на Партизан ја совладаа Алба Берлин на белградска „Арена“ со резултат 85:71 (13:14, 27:20, 21:22, 24:15), во 31. коло од Евролигата. Натпреварот во најголем дел беше тензичен, Партизан повторно не играше во најдобар ритам, но Алба не ги казнуваше грешките како што тоа го стори Ефес минатата седмица. Кога требаше да се притисне, „црно-белите“ беа на потребното ниво и заслужено дојдоа до победа, прекинувајќи ја серијата од три пораза во елитното натпреварување.
Кај Партизан најдобар беше Брендон Дејвис со 22 поени, а Карлик Џонс имаше 15 поени и девет асистенции. Кај Алба се истакна Мет Томас со 16 поени, додека Јани Вецел имаше 12, а Габриеле Процида 10.
Партизан сега е на скор 16-15 со што се доближуваат до зоната на плејофот, додека Алба е последна на табелата со пет победи и 26 порази. Во следното коло Партизан за противник ќе го има Баерн, додека Алба ќе биде домаќин на Виртус Болоња.

Кошаркарите на Барселона беа поразени од Баерн на домашен терен со 102:101. На 17 секунди до крајот Владимир Лучиќ имаше две слободни фрлања, кои ги погоди и ги доведе Баварците во водство од 102:101. Поранешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер имаше шут за победничкиот гол, но промаши за „тројка’ и славјето на тимот од Минхен можеше да започне.
Со овој пораз и резултат 17-14, Барселона падна на осмото место зад Париз, со што ги зголеми шансите на Црвена ѕвезда, која го зазема првото место кое директно води во плејофот, да го избегне плејинот.
Баерн останува петти со 18 победи и 13 порази, додека Црвена ѕвезда ќе има шанса да израмни против Виртус во среда. И во тој случај, тие ќе останат под Баварците бидејќи имаат послаб учинок во меѓусебната пресметка.
Во следното коло каталонскиот тим и гостува на Олимпија во Милано, додека Баерн го пречекува Партизан.
Кошаркарите на Монако го совладаа Жалгирис со 96:86 по продолжение, и така Жалгирис практично остана без никакви шанси за пласман во плејофот. Што се однесува до самата игра, беше доста неизвесна, со вистинска драма на самиот крај од натпреварот, кога домашните го засилија темпото и на крајот славеа.
Гостите подобро го отворија натпреварот, а во првото полувреме веќе дојдоа до предност, а по првите десет минути имаа и осум поени предност. Домашните успеаја да возвратат во вториот намалувајќи ја негативата на четири поени, колку поени имаа пред задолжителната пауза. Третата четвртина повторно беше на страната на гостите, кои во последните десет минути од натпреварот влегоа со седум поени предност.
И тогаш, во самиот финиш, сето тоа зовре. Домашните го израмнија резултатот на седум поени, потоа гостите одговорија со серија 5:0, а потоа Монако успеа да внесе драма во натпреварот. Се играше кош за кош, а на крајот домашните со шут успеаја да дојдат до продолжение, бидејќи по 40 минути резултатот беше 80:80. Монако фуриозно влезе во дополнителните пет минути игра, а Мајк Џејмс тргна во серија од 5:0, останатите го следеа па на крајот славеше Монако.
Најефикасен на натпреварот беше Мајк Џејмс со 22 поени, Окобо имаше 21, додека Блосомгејм забележа „дабл-дабл“ учинок, со 17 поени и десет скока. На спротивната страна најрасположен беше Франциско со 19 поени, Браздеикис заврши со 17, а Ален Смаилагиќ постигна 15.
Успехот на Монако, пак, не е добра вест за Црвена звезда, со оглед на тоа што до овој натпревар имаа само една победа помалку од Монако, со подобар учинок во меѓусебните среди. Од друга страна, ова е одлична вест за Партизан, кој сега има еден конкурент помалку во борбата за плејофот, бидејќи на литванскиот тим практично не му остануваат никакви шанси, освен во теорија.
Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Париз со 101:100 со неверојатна „тројка“ на Хејс Дејвис со звукот на сирената
Париз почна подобро и ја доби првата четвртина со 24:17, во втората двете екипи беа ефикасни и постигнаа по 27 поени, додека во третата, која повторно беше ефикасна, францускиот тим ја зголеми разликата добивајќи ја таа четвртина со 33:27.
А потоа во последниот дел Фенербахче почна да ја намалува разликата и се доближи до израмнување и драма. Хејс-Дејвис постигна 11 поени, а Фенербахче поведе со 91:88. Сепак, Париз не се предаде и Утара погоди „тројка“, потоа македонкиот репрезентативец ТиЏеј Шортс погоди „тојка“ со прекршок, а потоа Утара погоди уште една „тројка“.
Гудуриќ со брзи поени го врати Фенер, потоа погоди Болдвин, а Тарик Биберовиќ погоди „тројка“ на 16 секунди до крајот за израмнување 98:98. Следуваше нападот на Париз, каде ТиЏеј Шортс поентираше од влез под обрачот на 2,5 секунди до крајот. Фенербахче зема тајмаут, по што Гудуриќ го пронајде Хејс Дејвис, кој погоди „тројка“ за победа со звукот на сирената за славје на кошаркарите на Фенербахче.
Гудуриќ беше најефикасен кај тимот на Фенербахче со 25 поени, додека Хејс Дејвис постигна 19, а МекКолум 18. Кај Париз најефикасни беа ТиЏеј Шортс со 19 поени и 10 асистенции, а Надир Хифи постигна и 19.
Со оваа победа Фенербахче и официјално се зацврстиво Топ-6. Но оваа победа е многу важна за белградските клубови Црвена ѕвезда и Партизан, бидејќи Париз е директен конкурент за пласман и во првата шестка и во прата десетка на табелата, а доколку победеше, значително ќе им ја отежнеше работата.
Победа оствари и Реал Мадрид кој пред своите гледачи го совлада милански Армани со 96:89. Џанан Муса ги предводеше стрелците на Реал со 21 поен, додека Валтер Таварес додаде 19. Кај гостите најдобар стрелец беше Зак Ледеј со 15 поени, а Никола Миротиќ постигна 14.
Водечкиот Олимпијакос го доживеа вториот последователен пораз, а тимот од Пиреја беше подобар од францускиот Асвел со 81-70 во мечот одигран во Вилрбан.
Во среда се играат преостанатите три натпревари од 31.коло: Анадолу Ефес – Басконија (18.30 часот), Црвена звезда Белград – Виртус Болоња (20.00 часот) и Макаби Тел Авив – Панатинаикос (20.05 часот).
Оваа седмица во четврток и петок ќе се играат натпреварите од 32.коло.

Слични новости
Оклахома Сити ја забележа 60-та победа
Кошркарите на Њујорк Никс синоќа дома ги совладаа Далас Маверикс со 128:113, а Џош Харт и Карл-Ентони Таунс станаа првите соиграчи кои впишаа „трипл-дабл“ во ист натпревар воисторијата на њујоршката франшиза
Ѓоковиќ убедливо го победи Музети за пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами
Мечот започна со водство на Музети од 2:0 во гемови, но потоа Ѓоковиќ успеа да освои шест гема по ред. Во вториот сет, со сигурна игра Ѓоковиќ рутински го победи Музети, кој немаше противодговор на квалитетната игра на Ѓоковиќ.
На Демијан Лилард му е откриен тромб и ќе отсуствува од терените на неопределено време
. Асошиејтед Прес потсетува дека Лилард е втор играч во НБА на кого му е откриен тромб по центарот на Сан Антониот Виктор Вембенјама.