Турски Фенербахче на својот паркет го совлада шпанскиот претставник Реал Мадрид со 78:67 (16:16, 24:12, 18:19, 20:20). Тоа беше втор натпревар на „Кралскиот клуб“ во Истанбул за три дена, во кој гостите претрпеа нов пораз. Во вторникот беа поразени од Анадолу Ефес со 73:79 во европскиот дел на турската метропола, за два дена подоцна да претрпат уште еден, поубедлив пораз во азискиот дел.

Најџел Хејс-Дејвис беше најдобар кај Фенер со 20 поени и седум скока, а го следеше Ерик МекКолум со 19 поени. Реал имаше само еден играч со двоцифрен учинок, а тоа беше Факундо Кампацо со 11 поени.

Фенербахче е на второто место на табелата со скор 17-8, додека водечкиот Олимпијакос има една победа повеќе (18-7). Реал Мадрид е на 11-та позиција со скор 13-13.

 

Кошаркарите на Црвена ѕвезда гостуваа во Алба во Берлин во рамките на 25. коло на Евролигата и во тензична завршница сепак успеаја да ја одржат малата предност и да триумфират со 71:77 (13:15, 22:25, 20:19, 16:18). Најдобар играч кај победничкиот тим беше Филип Петрушев со 17 поени, додека Исаја Кенан постигна 11. Од друга страна, Дејвид Мекормак се истакна со 18 поени и 11 скока „дабл-дабл“ остварен уште во првото полувреме, но го доби петтиот фаул кон крајот на третата четвртина.

Црвена ѕвезда сега има скор 16-10 и е во многу добра позиција кога е во прашање борбата за плејофот. Алба е заглавена на дното на табелата со скор 4-22.

Кошаркарите на Баерн Минхен ја постигнаа четвртата последователна победа во Евролигата победувајќи го францускиот Асвел со 76:67 пред своите гледачи во четвртокот. Андреас Обст постигна 15 поени за победниците, додека Карсен Едвардс имаше 14 поени и шест асистенции. Кај гостите најдобри беа Парис Ли со 14 поени и Жофри Ловерњ со 12.

Баерн е на шестото место со скор 16-10, а Асвел е на 14-то место со 11-15.

Нешто подоцна, кошаркарите на Милан го совладаа Жалгирис на гостински терен во Каунас со 89:87. Најдобри играчи на Милан беа Зак Ледеј со 26, Николо Манион со 21 и Шевон Шилдс со 17 поени.

Панатинаикос оствари многу важна победа откако во вистинска НБА пресметка го совлада Анадолу Ефес со 104:89. Блескаше Кендрик Нан со 36 поени, а кај Ефес најдобар беше Дариус Томпсон со 14.

globe

Слични новости

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми