Кошаркарите на Монако остварија исклучително убедлива домашна победа во 13-то коло од Евролигата, победувајќи го турскиот Анадолу Ефес со дури 102:66.

Монако со тоа ја оствари осмата победа оваа сезона, а вреди да се напомене дека најдобриот играч на Монако, Мајк Џејмс, постигна само седум поени. На тоа додаде шест асистенции. Најдобар играч на Монако беше Даниел Тис со 17 поени, додека Алфа Дијало додаде 13 поени со четири скока. Метју Стразел постигна 12 поени за Монако со пет асистенции и три украдени топки.

Во вечерното дерби, Црвена ѕвезда од Белград го победи Олимпијакос со 91:80 и се израмни со Хапоел и Панатинаикос на врвот на табелата. Џордан Нвора беше најдобар играч за белградскиот тим со 23 поени и три скока. Од друга страна, Саша Везенков беше најдобар со 29 поени и осум скока.

Армони Брукс постигна 20 поени за победата на Армани Милан на гости над Макаби со 102:88, додека Барселона го победи францускиот Асвел со 88:78 на домашен терен.

На врвот на табелата се Хапоел, Панатинаикос и Црвена Ѕвезда со девет победи и четири порази. Монако, Олимпијакос, Барселона, Жалгирис и Валенсија имаат сооднос 8-5.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0