Кошаркарите на Партизан во еден од најнеизвесните дуели на вечерта беа поразени на домашен паркет од екипата на Асвел со резултат 79:82 во 16. коло од Евролигата.

Асвел подобро влезе во натпреварот и беше јасно дека „црно-белите“ ќе имаат проблеми, уште повеќе што Партизан беше ослабен за неколку играчи кои досега беа стандардни во настапите. Поранешниот капитен на Партизан, Жофри Ловерњ и Тео Маледон им зададоа многу мака на домашните и францускиот претставник го почна меќот со серија 9:2. Партизан брзо се врати и дојде до првото водство, но кошаркарите од Лион брзо ја вратија предноста на своја страна која ја задржаа до крајот на првата делница.

И втората четвртина започна добро за Французите. Се разигра и Сако и го одведе Асвел на плус 8, но потоа белграѓани одговорија преку Двејн Вашингтон. Бекот на Партизан погаѓаше, а Асвел не најде начин во таа делница да го запре. Партизан брзо го сврте резултатот, а на полувремето успеа да замине со плус 6, кога Вашингтон погоди за „тројка“ со звукот на сирената.

„Црно-белите“ добро ја отворија третата четвртина. Одбраната на Партизан беше одлична и успеаја да ги запрат нападите на Асвел, а Вашингтон и Џонс продолжија таму каде што застанаа и ги доведоа „црно-белите“ на плус 9. Сепак, на половина од оваа делница Асвел со две „тројки“ успеа да намали на минус 3. Потоа натпреварот влезе во неизвесен период и Партизан одржуваше предност од еден посед, но Французите постојано им дишеа во врат на „црно-белите“. Асвел повторно со две „тројки“ во низа успеа да дојде до поен предност пред последните десет минути.

Асвел почна многу подобро во последните десет минути и многу брзо стигнаа до предност од 5 поени, а Партизан во тој период не можеше да погоди ништо. Де Коло ја презеде одговорноста и погаѓаше. Паризан продолжи со добрата игра во одбраната, но во нападот беше лош и без реализација и офанзивен скок. Грешеа и гостите, но на 12 секунди до крајот Де Коло успеа да постигне кош и да стави точка на натпреварот.

Кошаркарите на Реал Мадрид победија совладувајќи го водечкиот тим на гостувањето во Париз со 96:85.

Стрелците на Реал ги предводеше Факундо Кампацо со 19 поени, на кои додаде и шест асистенции, Марио Хезоња постигна 17 поени со погодени четири „тројки“ од девет обиди, а Џанан Муса постигна 12 поени. Парижаните не успеаја да го избегнат вториот последователен пораз во Евролигата, иако во своите редови го имаа многу расположените Маодо Ло со 30 поени и Надир Хифи кој постигна 21 кош.

Париз падна на учинок од 11-5 и му ја препушти лидерската позиција во поредокот на Монако, кој има идентичен скор 11-5 со повеќе постигнати коша. Водечкото дуо го следат три екипи – Жалгирис, Баерн и Фенербахче со учинок 10-6. Реал ја оствари седмата победа (7-9), но остана на 13. позиција.

Кошаркарите на Монако на домашен паркет го совладаа Баерн со убедливи 93:74 во дуелот меѓу вториот и третиот тим од Евролигата.

Георгиос Папајанис постигна 14 поени за победниците, а Мајк Џејмс додаде 13. Најдобар стрелец кај Баерн беше Карсен Едвардс со 17 поени, Данко Бранковиќ постигна 11 поени.

Така Монако оствари учинок од 11-5, а Баерн од третото привремено падна на четвртото место со 10-6.

 

Евролига – 16. коло
Во вторник:
Монако – Баерн 93:74
Макаби Тел Авив – Басконија 85:95
Панатинаикос – ЕА Милан 103:74
Барселона – Фенербахче 90:63
Париз – Реал Мадрид 85:96
Алба – Жалгирис 66:86
Партизан – Асвел 79:82
Во среда:
Анадолу Ефес – Црвена ѕвезда (18.30 ч.)
Олимпијакос – Виртус Болоња (20.15)

globe

Слични новости

Нов домашен шок за Барселона

Нов домашен шок за Барселона

Фудбалерите на Барселона вторпат по ред загубија првенствен натпревар на домашен терен, на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик, беа поразени со 1:0 од тимот на Леганес во 17. коло на Ла Лига