Кошаркарите на Реал Мадрид во првиот натпревар од 17. коло од Евролигата забележаа убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го до ова коло водечкиот Монако со 94:72.
Реал одигра одлична втора четвртина во која го одработи најголемиот дел од работата на патот до победата. Поради ова на паузата замина со голема предност од 53:35, што беше гаранција за мирно второ полувреме.
На крајот од третата четвртина Реал имаше 30 поени предност, со што го реши натпреварот.
Џанан Муса беше првиот стрелец на Реал со 22 поени, на кои додаде пет скока и пет асистенции. Кај Монако најрасположен беше Мајк Џејмс со 19 поени и осум асистенции.
Панатинаикос победи со 104:69 против Басконија, исто така, на домашен терен. Кендрик Нан одигра одличен натпревар со 26 поени, девет асистенции и четири украдени топки. Лоренцо Браун додаде 18 поени.
Лошата вест за Панатинаикос е тешката повреда на левата нога на Матијас Лесор.
На табелата во моментов води Париз со скор 11-5, а зад него е вториот француски тим Монако со 11-6. Жалгирис, Баерн, Фенербахче и Олимпијакос имаат по десет победи и шест порази, додека Панатинаикос сега има скор 10-7. Реал Мадрид има осум победи и девет порази.
Слични новости
Куп на Италија: Интер последен четвртфиналист
Фудбалерите на Интер рутински се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, иако одиграа без неколку главни ѕвезди, совладувајќи го Удинезе со 2:0 на домашен терен
Лига куп: Тотенхем преку Манчестер Јунајтед до полуфиналето
Последните полуфиналисти на англискиот Лига куп се фудбалерите на Тотенхем кои пред своите гледачи го совладаа Манчестер Јунајтед со 4:3.
По Рома американска компанија го купи и Евертон
Условите за продажба на Евертон на „Friedkin Group“ од страна на досегашниот сопственик Фархад Мошири и неговата компанија „Blue Heaven Holdings“ беа договорени уште во септември а сега се потврдени