Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.
Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи во индустријата за производство на пластика.
Претставници на противпожарната служба предупредија дека ситуацијата е критична и може да доведе до сериозно загадување на почвата, па дури и до силна експлозија.
Досега нема податоци за жртви или повредени лица, а надлежните власти сè уште не ја соопштуваат точната причина за дефектот на резервоарот.
Спасуваќките тимови на терен забрзано работат на поставување заштитни бариери за да спречат отровната течност да навлезе во канализациските канали или во океанот, кој се наоѓа на само неколку километри од местото на еколошката несреќа.
Слични новости
Шефот на кабинетот на Зеленски Андриј Јармак уапсен поради перење пари
Судијата пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со можност за ослободување со кауција.
Тројца загинати и 40 повредени во руски напад врз Киев
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека од 40 луѓе кои биле повредени во нападот, од кои 31 лице било хоспитализирано. На теренот работат спасувачки екипи, кои извлекле 28 лица под уранитини на згради.
Американските бизнисмени кои го придружуваат Трамп во посетата на Кина оценија дека состаноците поминале многу добро
Меѓу извршните директори кои беа видени како ја напуштаат Големата сала на народот беа извршниот директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, и директорот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг.


