Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.

Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи во индустријата за производство на пластика.

Претставници на противпожарната служба предупредија дека ситуацијата е критична и може да доведе до сериозно загадување на почвата, па дури и до силна експлозија.

Досега нема податоци за жртви или повредени лица, а надлежните власти сè уште не ја соопштуваат точната причина за дефектот на резервоарот.

Спасуваќките тимови на терен забрзано работат на поставување заштитни бариери за да спречат отровната течност да навлезе во канализациските канали или во океанот, кој се наоѓа на само неколку километри од местото на еколошката несреќа.

 

Слични новости

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.