Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.
Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи во индустријата за производство на пластика.
Претставници на противпожарната служба предупредија дека ситуацијата е критична и може да доведе до сериозно загадување на почвата, па дури и до силна експлозија.
Досега нема податоци за жртви или повредени лица, а надлежните власти сè уште не ја соопштуваат точната причина за дефектот на резервоарот.
Спасуваќките тимови на терен забрзано работат на поставување заштитни бариери за да спречат отровната течност да навлезе во канализациските канали или во океанот, кој се наоѓа на само неколку километри од местото на еколошката несреќа.
Слични новости
Пет земји на ЕУ бараат поинаков модел на проширување за западниот Балкан
Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија во заедничко писмо на кое се повикува бриселскиот портал Еуроактив побараа од Европската комисија да го преиспита начинот на кој се вклучуваат потенцијалните членки на Еу од западниот Балкан.
Си Џинпинг : Кина и Русија треба да изградат поправеден систем на глобално управување
За време на развоговорите со рускиот претседател Владимир Путин кој е во официјална посета на Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека Русија и Кина како две глобални сили мора да изградат поправеден систем на глобално управување.
Израелските пратеници денеска гласаат за предлог закон за распуштање на Кнесетот
Израелските пратеници денеска ќе гласаат за предлогот за распуштање на Кнесетот, што би довело до предвремени избори во Израел кои би се одржале најдоцна до октомври.


