Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.
Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи во индустријата за производство на пластика.
Претставници на противпожарната служба предупредија дека ситуацијата е критична и може да доведе до сериозно загадување на почвата, па дури и до силна експлозија.
Досега нема податоци за жртви или повредени лица, а надлежните власти сè уште не ја соопштуваат точната причина за дефектот на резервоарот.
Спасуваќките тимови на терен забрзано работат на поставување заштитни бариери за да спречат отровната течност да навлезе во канализациските канали или во океанот, кој се наоѓа на само неколку километри од местото на еколошката несреќа.
Слични новости
Трамп: Војната може да ескалира ако Иран не даде „соодветни одговори“
Ги погодивме многу силно. Можеби ќе треба да ги погодиме уште посилно, но можеби и не“, рече тој, повторувајќи го ставот на неговата администрација за иранската нуклеарна програма.
Мерц им предложи на лидерите на ЕУ Украина да добие статус на придружна членка
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо кое го упати до лидерите на ЕУ предложи на Украина да и се даде статус на придружна членка во унијата, како привремен чекор до членство во ЕУ.
Блумберг: Си го надмудрува Вашингтон и го зацврстува сојузот со Москва
Кинескиот претседател Сисе поотворено настапува како еден од најмоќните актери на светската политика, а неговите средби со Путин и Трамп покажуваат дека Пекинг веќе не сака да биде само посматрач, туку еден од центрите на глобалниот светски поредок.


