Организаторите на Евровизија во понеделник одлучија да го одложат гласањето за тоа дали Израел ќе може да учествува на музичкиот натпревар следната година.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека била поттикната да го откаже виртуелниот состанок, на кој требаше да се одржи гласањето за темата, поради „неодамнешните настани на Блискиот исток“.
Додаде дека прашањето за учеството на Израел ќе биде дискутирано на состанок во живо во декември, но не беше прецизирано дали тогаш ќе се одржи гласање.
Учеството на Израел на Евровизискиот натпревар наиде на противење од некои членки на ЕБУ поради конфликтот во Газа.
Австрискиот национален радиодифузер ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, ја поздрави одлуката на ЕБУ.
ОRF претходно ги повика земјите да не го бојкотираат натпреварот следната година во Виена, а австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер изјави дека Евровизискиот натпревар и уметноста воопшто „не се соодветни места за санкции“.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


