Американската кошаркарска ѕвезда Кевин Дјурант го продолжи договорот со Хјустон Рокетс до 2028 година, објави спортскате мрежа ESPN.
Триесет иседумгодишниот Дјурант беше разменет од Финикс во Хјустон во јуни, а сега го продолжи договорот до 2028 година, вреден 90 милиони долари. Тој имаше опција да потпише двегодишно продолжување на договорот во вредност до 122 милиони долари, но се откажа од околу 30 милиони долари за да си даде поголема флексибилност во градењето на тимот.
Дјурант сега го држи рекордот за највисока заработка во кариерата во историјата на НБА лигата со 598,2 милиони долари врз основа на сегашните и идните плати, надминувајќи го Леброн Џејмс (583,9 милиони долари).
Имаше просек од 26,6 поени, шест скока и 4,2 асистенции по натпревар минатата сезона со Финикс Санс.
Дјурант беше шести пати избран во првата петорка на Ол-стар НБА натпреварите, а одигра вкупно 1.123 натпревари за Сиетл Суперсоникс (2007-16), Голден Стејт Вориорс (2016-19), Бруклин Нетс (2020-23) и Санс. Во својата кариера, има просек од 27,2 поени, седум скока, 4,4 асистенции и 1,1 блокада по натпревар.
Хјустон ја отвора сезоната во вторник, 21-ви октомври, против актуелниот шампион на НБА лигата, Оклахома Сити Тандер.
Слични новости
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето


