Дипломираниот социјален работник Душан Томишиќ е новиот претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), информираа од Комисијата.

Томшиќ е избран за прв човек на КСЗД согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација по принципот на ротирање на претседателското место. За заменик претседател, Комисијата, во иста постапка го избра членот Зекир Абдулов.

„Новиот претседател, функцијата ја презеде од досегашниот, Лимко Бејзароски, во колегијална и конструктивна атмосфера, во дух на заемна почит, соработка и континуитет во работата на Комисијата. За заменик претседател, Комисијата, во иста постапка го избра членот Зекир Абдулов. КСЗД му изразува благодарност на  Бејзароски за неговата посветеност и професионален придонес во изминатиот период, како и за ангажманот во унапредување на независноста и видливоста на институцијата. Во ист дух на партнерство и заедничка визија, Комисијата продолжува со својата мисија – унапредување на еднаквоста и заштита на достоинството на сите граѓани“, се вели во соопштението на КСЗД.

Душан Томшиќ е дипломиран социјален работник кој својата професионална карирера целосно ја посветил на заштита на најрливите категории на граѓани. Во текот на неговиот работен век ги поминал сите скалила во Министерството за труд и социјална политика.

Неговиот заменик, Зекир Абдулов пак, професионално се градел во невладиниот сектор во заштита на правата на Ромите во Македонија. Пред да биде избран за член на КСЗД, Абдулов беше советник на вицепремиерот во Владата. Претходно, тој ја извршуваше и функцијата независен член на Советот на Општина Делчево.

globe

Слични новости

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија