Најдоцна до крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за пресметка на минималните трошоци на едно семејство, најавува министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека во Министерството за економија и труд вчера е одржан еден состанок, но дека ќе следуваат уште неколку по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет. Според Дурмиши, во синдикалната потрошувачка кошничка има производи кои не треба да бидат дел од основната потрошувачка кошничка.

„Вчера имавме состанок во Министерството за економија и труд каде имаше претставници од министерствата за финансии и за земјоделство, од Царина, од Државниот завод за статистика и од Пазарниот инспекторат. Беше прв состанок за да направиме нова методологија како ќе ја мериме минималната потрошувачка кошничка бидејќи во синдикалната потрошувачка кошничка има производи на кои не им е местото таму. Имаат многу производи кои не се трошат, а се ставени таму како на пример нескафето и се земени цените од онлајн купување. Треба да се земат цените од трите маркети и да се земе една просечна цена“, рече Дурмиши.
За минималната плата за која во март треба да има усогласување, Дурмиши вели дека таа ќе биде зголемена согласно законот, а доколку синдикатите сакаат друга висина на минималната плата треба да се договорат со работодавачите, а Владата ќе го поддржи тоа решение, но ќе мора да се видат и финансиските импликации.
Во однос на измените на Законот за недела неработен ден, Дурмиши вели дека на одредени дејности треба да им се дозволи да работат во недела, но не целосно да се укине недела како неработен ден.
Слични новости
Вкупниот кинески долг трипати поголем од БДП-то
Вкупниот долг на Кина трипати поголем од бруто домашниот производ (БДП) и веројатно ќе се зголеми дополнително, изјави во четвртокот заменик-гувернерот на централната банка Ксуан Чангенг
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утр
Автомобилската индустрија потресена од американката најавва за царини
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто на увезените автомобили и автоделови ги потресе производителите ширум светот, а според Илон Муск, исто така, штети очекува и неговата „Tesla“