Најдоцна до крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за пресметка на минималните трошоци на едно семејство, најавува министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека во Министерството за економија и труд вчера е одржан еден состанок, но дека ќе следуваат уште неколку по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет. Според Дурмиши, во синдикалната потрошувачка кошничка има производи кои не треба да бидат дел од основната потрошувачка кошничка.

„Вчера имавме состанок во Министерството за економија и труд каде имаше претставници од министерствата за финансии и за земјоделство, од Царина, од Државниот завод за статистика и од Пазарниот инспекторат. Беше прв состанок за да направиме нова методологија како ќе ја мериме минималната потрошувачка кошничка бидејќи во синдикалната потрошувачка кошничка има производи на кои не им е местото таму. Имаат многу производи кои не се трошат, а се ставени таму како на пример нескафето и се земени цените од онлајн купување. Треба да се земат цените од трите маркети и да се земе една просечна цена“, рече Дурмиши.
За минималната плата за која во март треба да има усогласување, Дурмиши вели дека таа ќе биде зголемена согласно законот, а доколку синдикатите сакаат друга висина на минималната плата треба да се договорат со работодавачите, а Владата ќе го поддржи тоа решение, но ќе мора да се видат и финансиските импликации.
Во однос на измените на Законот за недела неработен ден, Дурмиши вели дека на одредени дејности треба да им се дозволи да работат во недела, но не целосно да се укине недела како неработен ден.
Слични новости
Пад на Волстрит пред состанокот на централна банка
На Волстрит цените на акциите значително паднаа во вторникот, по двата дена раст, бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред состанокот на челниците на американската централна банка
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена, мора да се соберат сите докази
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена, мора да се соберат сите докази
Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата
Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата