Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска најави почеток на сеопфатен процес на реформи и ветинг во партијата, предводен од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата. Велат дека оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи нов стандард за политичките партии во регионот.
Како дел од својата реформска стратегија, ДУИ вели дека спроведува конкретни механизми насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста во своите редови.

Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
ДУИ е решена да го прошири овој процес на проверка надвор од парламентарното ниво, таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството на ДУИ и локалното раководство на партискиот огранок. Овој стратешки акционен план има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси“, порачаа од партијата од Мала Речица.
Како предводник на овие реформи, од партијата посочуваат дека поставуваат преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива, според партијата на Али Ахмети ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти.
„ДУИ е посветена на градење извонреден институционален и личен интегритет“, изјавил Али Ахмети. „Нашиот пристап е сеопфатен и добро испланиран, фокусирајќи се на поединци со силен интегритет кои ќе ја бранат антикорупциската агенда и процесот на проверка“, соопштија од ДУИ.
Слични новости
Објавен огласот за прием на 300 професионални војници за служба во АРМ
Министерството за одбрана на Република Македонија објави оглас за прием на 300 за прием на 300 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА.
Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија