Непредвидиливи последици по мирот и безбедноста во земјата најавува ДУИ за идната среда кога е закажана седницата на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците. За партијата на Али Ахмети 11. декември е денот што може да промени сè. Ја повикуваат меѓународната заедница да го спречела овој чин.

„Албанците и сите заедници кои веруваат во правда и еднаквост не можат да молчат пред оваа закана. Ова не е момент за останување индиферентен. Ова е момент за избор на вистинската страна на историјата. Ќе направиме сè за да го заштитиме мирот и стабилноста, но одговорноста за последиците ќе биде на оние кои избраа да го предизвикаат и да ја загрозат иднината на земјата!“, се заканија Интегративците во соопштение.

Но ваквите најави од ДУИ засега не предизвикуваат загриежноста кај Уставнииот суд. Остануваат на ставот дека седницата ќе се одржи.

„Судот нема да коментира ничии ставови. Седницата на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември“.

Од таму официјално не ги коментираат ни најавите на тројцата судии од немнозинската заедница дека нема да присуствуваат на седницата. Сепак, неофицијалните информации се дека тоа нема да влијае на работата на Судот. Заклучокот на Судот за специфични прашања да се одлучува во полн состав не се однесува на присуство на сите судии, туку на тоа на тоа да има 9 избрани уставни судии, а не како минатата година кога Судот работеше само со петмина, објаснуваат извори на Сител од Уставниот суд.

Премиерот Мицкоски вели нема опасноста за безбедноста на државата, дестабилиазација нема да се дозволи. И собранискиот спикер Гаши на оваа линија.

Иако тврди дека најавите на ДУИ се обид да се избегне одговорност, сепак вицепремирот Меџити ја доведува во прашање легитимноста на Судот без гласовите на судиите Албанци,

Предметот за Законот за јазиците е оформен од 13 инцијативи од различни граѓани, партии и здруженија во 2019 година. Во суштина оспорен е целиот закон. Уставниот суд го активираше предмето по забелешките на Венецијанската комисија.

globe

Слични новости

Целосна блокада на Скопје ако не земат плата, најавуваат вработените во ЈП „Улици и патишта“

Целосна блокада на Скопје ако не земат плата, најавуваат вработените во ЈП „Улици и патишта“

Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Клиниките подготвени за работа во вонредни услови, итните интервенции ќе се прават непречено

Клиниките подготвени за работа во вонредни услови, итните интервенции ќе се прават непречено

Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар по најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечерва во поголем дел од градот