ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи дека институцијата не реагирала по наводни прекршувања на законската обврска за употреба на албанскиот јазик.

Од партијата велат дека Град Скопје не ја почитувал законската обврска со поставување на информативна табла само на македонски и англиски јазик, без албанскиот јазик, и бараат одговорност од надлежните институции.

Партијата оценува дека молкот на институциите може да создаде практика на непочитување на јазичните права и бара Инспекторатот да постапува согласно своите надлежности.

 

Слични новости

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.