Демократската унија за интеграција предупери на драматичен пад на странските инвестиции во македонија и ја прозва актуелната власт. Партијата тврди дека во 2025 странските инвестиции се намалиле за 61 насто во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра што е „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата во државата“.

ДУИ смета дека падот на странските инвестиции во македонија е директно поврзан со лошата политичка клима, бидејќи партијата наведува дека странскиот инвеститор бара правна сигурност, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива. „

Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостиг на стратешка насока, капиталот избора други дестинации“, посочува ДУИ.

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.