Кошаркарите на Бостон Селтикс утринава на гости ја победија екипата на Орландо Меџик со резултат 107:98 во четвртото коло од Источната конференција на НБА лигата. Со победата Бостон поведе со 3:1 во серијата и е на чекор од пласман во полуфиналето.
Американскиот режисер Александер Пејн ќе претседава со главното натпреварувачко жири на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, објавија организаторите во понеделник.
Филмовите на Пејн, вклучувајќи ги комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ и „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 Оскари, вклучувајќи четири за најдобар ф

Тој двапати ја освои наградата за најдобро адаптирано сценарио.
„Голема чест и радост ми е да бидам член на жирито во Венеција. Иако ја споделувам амбивалентноста на филмските работници во врска со споредбата на филмовите, ја почитувам речиси вековната историја на Венецискиот филмски фестивал, фестивал кој гласно го слави филмот како уметничка форма“, изјави Пејн за новинарите.
Годинештното 82. издание Венециски филмски фестивал ќе се одржи на островот Лидо од 27. август до 6. септември. Имињата на филмовите во конкуренција ќе бидат објавени во јули.
Комедијата на Пејн од 2017 година „Downsizing”го отвори фестивалот истата година.