Берзите во Дубаи и Абу Даби изгубија околу 120 милијарди долари вредност за краток период. Туризмот претрпе крах откако пополнетоста на хотелите падна на само 20%, додека воообичаено изнесува меѓу 70 и 80%.Сообраќајот на аеродромот во Дубаи е намален за речиси две третини.

Голем дел од инвеститорите ги пренасочија парите кон Сингапур и Швајцарија. Швајцарија нуди ниско ниво на геополитички ризик, што е клучно во моменти на нестабилност на Блискиот Исток.

Економската штета е огромна бидејќи покрај туризмот, погоден е и извозот на нафта и гас поради нападите врз рафинериите во Саудиска Арабија и постројките во Катар. Колку подолго трае воената напнатост меѓу Иран и неговите соседи, толку повеќе ќе страда угледот на Емиратите како глобален трговски и туристички центар.

 

Слични новости

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.