Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го примил предлогот на Владата за негово разрешување и ќе се произнесе писмено во законски предвидениот рок.
Како што соопштуваат од ЈОРМ, денеска од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлог за негово разрешување поднесен од страна на Владата. Согласно законските рокови, Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.
„До Јавниот обвинител на РМ денеска од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлог за негово разрешување поднесен од страна на Владата. Јавниот обвинител ќе го разгледа и писмено ќе се произнесе во законски предвидениот рок“, велат од Обвинителството

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.
Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.
„Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство“, беше соопштено од Министерството за правда.
Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.
Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. Тој изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.
Слични новости
Објавен огласот за прием на 300 професионални војници за служба во АРМ
Министерството за одбрана на Република Македонија објави оглас за прием на 300 за прием на 300 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА.
Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија