Државниот завод за ревизија побара да се преиспита начинот на распределба на средствата за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи, но и да се усогласат законите кои го уредуваат оданочувањето на изборните активности.
Ревизорите објавија дека над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности во 2024 биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање.
ДЗР нагласува дека распределбата на вкупните средства според принципот 45% за двете најголеми политички партии од власта, 45% за двете најголеми партии од опозицијата и само 10 посто за сите други политички субјекти не обезбедува објективни критериуми за распределба на јавните средства, давајќи значителна предност на најголемите парламентарни партии.
ДЗР смета и дека со ова се ограничуваат можностите на останатите партии и независните кандидати да ги претстават своите програми на радиодифузерите, електронските и печатените медиуми.
Слични новости
Температурите денес и до 34 степени Целзиусови
Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, со летни температури во поголем дел од земјата. Дневните максимални вредности се очекуваат меѓу 23 и 34 степени.
Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, определен им е 30-дневен притвор
Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.
Денес температури и до 32 степени Целзиусови
Температурите ќе бидат во пораст, а во најтоплите делови од земјата максималната дневна температура ќе достигне и до 32 степени Целзиусови.


