Државниот завод за ревизија побара да се преиспита начинот на распределба на средствата за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи, но и да се усогласат законите кои го уредуваат оданочувањето на изборните активности.

Ревизорите објавија дека над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности во 2024 биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање.

ДЗР нагласува дека распределбата на вкупните средства според принципот 45% за двете најголеми политички партии од власта, 45% за двете најголеми партии од опозицијата и само 10 посто за сите други политички субјекти не обезбедува објективни критериуми за распределба на јавните средства, давајќи значителна предност на најголемите парламентарни партии.

ДЗР смета и дека со ова се ограничуваат можностите на останатите партии и независните кандидати да ги претстават своите програми на радиодифузерите, електронските и печатените медиуми.

Слични новости

Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите

Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите

Преку охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, а оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.