Државниот долг на Соединетите Америански Држави надмина 40 билиони долари, покажуваат најновите податоци на американското министерство за финансии.
Долгот во вторникот достигна 40,047 билиони долари, од што 32,255 билиони се однесуваат на долг кон инвеститорите и сопствениците на американските хартии од вредност, додека 7,782 билиони претставуваат обврски внатре во федералната влада, пренесе денеска Ројтерс.
Американскиот долг двојно се зголеми за помалку од десет години.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.