Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ во висина од 100 милиони денари.
На аукцијата беа запишани граѓански обврзници од страна на 1543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, рочноста е 2 години, а каматната стапка 4,5% годишно. Запишаните граѓански обврзници ќе бидат запишани на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредност.
Датумот на достасување на граѓанските обврзници од третата емисија е 19 декември 2027 година. Исплатата на каматата за првата година достасува на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Слични новости
Мицевски: Лажните сценарија на СДС ги нема во владините политики, оваа Резолуција воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција
ВМРО ДПМНЕ претстави„Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата
Мигранти за пари и намерна изолација – предавство на Македонија, е обвинувањето што денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ го упати до ВМРО-ДПМНЕ
Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници.


