Дресот со бројката 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер во финалето на Светското првенство во 1958 е продаден за 4,9 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби.

Пеле, кој почина во 2022 година, имаше 17 години кога постигна два гола во финалето против домаќинот Шведска во кое Бразил славеше со 5:2. Дресот на Пеле кој беше рачно изработен, кралот на фудбалот му го подари на својот цимер Диди.

Дресот со децении беше во сопственост на семејството на Диди, а на крај беше откупен во 2004-тата година. Најскапо продаден дрес е оној на Марадона од натпреварот „Божја рака“ кој во 2022-ра беше продаден за 9,3 милиони долари.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.