Дојче банката до крајот на оваа година ќе затвори околу 100 филијали во Германија, вклучувајќи ги и филијалите на Постбанка, што претставува натамошно продолжение на стратегијата на премин на дигитални услуги и намалување на физичката мрежа.

Дојче банката соопшти дека се поголем број на клиенти ги користи банкарските услуги со мобилни апликации, додека интересот за одење во филијалите постојано опаѓа.

Кон крајот на 2025 Дојче банка и Постбанк имаа околу 750 филијали ширум Германија кои им пружаат услуги на околу 19 милиони приватни клиенти.

Слични новости

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските берзански индекси денеска се во плус, а паднаа цените на нафтата и златото, додека во фокусот на инвеститорите покрај добивките на големите компании, се прелиминарните податоци за економскиот раст во еврозоната во последниот квартал на 2025.