Бројот учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува, од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29 учесници.

До денеска познати се само две селекции од Европа – Франција и Англија.

 

Досега, најмногу веќе пласирани учесници на мундијалот се од Африка – девет репрезентации, а од Азија – осум.

Треба да се истакне и дека меѓу 29-те досега сигурни има и три дебитанта – Узбекистан, Јордан и Зелен’ртско Острови.

Жрепката за групите на Светското првенство ќе се одржи на 5-ти декември во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон.

Конечниот список на сите учесници на Светското првенство нема да биде познат до крајот на март следната година, кога се закажани дополнителни квалификациски натпревари во Европа за да се состават финалните четири екипи.

Селекции со досега обезбедено учество на Светското првенство

Домаќини: САД, Мексико, Канада

Африка: Алжир, Зелен’ртските острови, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Јужна Африка, Тунис

Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Узбекистан

Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Европа: Франција, Англија

Океанија: Нов Зеланд

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа